„АББА“ ГО ОДЛОЖИ ИЗДАВАЊЕТО НА ПРВАТА НОВА МУЗИКА ПО 35 ГОДИНИ ЗА ВТОРАТА ПОЛОВИНА ОД 2019

Стокхолм, (Гардијан)

Фановите на „АББА“ ќе мора уште малце да почекаат на првата нова музика од групата по 35 години, бидејќи тоа сега е поместено за втората половина од 2019.

Во април минатата година беше објавено дека членовите на шведскиот квартет првпат заедно влегле во студио од распаѓањето во 1983 година, додека подготвуваат светска турнеја, на којашто ќе настапат нивните холограмски верзии. Датумите од турнејата засега не се објавени. Тие во меѓувреме снимиле две нови песни, при што една требаше премиерно да биде пуштена на 28 декември, што потоа беше одложено за почеток на оваа година.

„Ништо нема да биде издадено пред летото. Се надеваме дека ќе се случи наесен“, изјави претставник на групата.

Еден од членовите на „АББА“, Бјерн Андерсон, изјави дека постојат и извесни правни проблеми околу издавањето.

„Сѐ уште работиме на договорот, пред да можеме да продолжиме. Горд сум на двете песни што ги снимивме. Една е како поп песна од 1970-ите, другата звучи безвременски. Можеби, ќе снимиме и трета песна оваа година“, кажа Андерсон.