АРХИТЕКТОНСКИ ЧУДА ВО АМСТЕРДАМ ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА НАГРАДАТА ЗГРАДА НА ГОДИНАТА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Амстердам, (Гардијан)

Пловечка концертна сала, објект инспириран од Лего коцки и џамија со футуристички изглед се најдоа меѓу проектите кои ќе конкурираат за престижната награда за најдобра зграда за 2018 година.

Во завршната листа за наградите на Светскиот фестивал на архитектурата влегоа 535 проекти од 57 земји, најмногу досега и годинашниот победник ќе биде прогласен во Амстердам на крајот на овој месец.

Образовниот и истражувачки центар „Кинг Абдула петролеум“ во Ријад
Џамијата Вали-е-Аср во Техеран
Стамбена зграда во Матура, Индија
Лего куќа во Билунд, Данска
Концертната сала „Форо бока“ во Бока дел Рио, Мексико
Капела во Каштело Бранко, Португалија
Куќа на полуостров (Гваружа, Бразил)
Винарска визба во Шпанија
Хотел „Одамар Пиге“ во Швајцарија