МАКЕДОНИЈА СЕ ОБЕДИНИ НА МАРШОТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ ВО СКОПЈЕ И НАЈАВИ ЗЕЛЕНА РЕВОЛУЦИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Протестите против климатски промени и аерозагадувањето во Македонија вечерва добија нова димензија откако илјадници луѓе се придружија на „Маршот за чист воздух“ во Скопје.

Во заедничка акција на 30-ина граѓански здруженија од неколку градови, во Македонија се случи најголемиот еколошки протест досега, покажувајќи дека граѓаните конечно ја сфаќаат сериозноста на проблемот со кој секојдневно живееме.

На протестот најбројни беа младите, а од говорницата пред Владата, средношколци испратија моќни пораки и не се плашеа жестоко да ја искритикуваат власта за, како што кажаа, нејзината неспособност да се справи со проблемот на загадувањето.

„Само вака обединети како вечерва можеме да успееме да промениме нешто. Нам ни требаат заеднички цели, а тоа е конечно да се стави крај на загадувањето. Не само во Скопје, и во Струмица е исто“, рече активистот од Струмица, Крум Велков.

Најавен како почеток на зелена револуција, организаторите повикаа на уште поголема бројка учесници следниот петок.

Г. КОНЕВ

Фото: К. ПОПОВ