ТОЈ БЕШЕ ЧОВЕК НА БЕЗБРОЈ ТАЛЕНТИ – МОНТИПАЈТОНЦИ СЕ ПРОСТУВААТ ОД ТЕРИ ЏОНС

Лондон, (Би-Би-Си)

Сер Мајкл Пејлин, Џон Клиз и Ерик Ајдл му оддадоа почит на својот колега од „Монти Пајтон“ Тери Џонс, кој почина вчера на 77 години, откако ја загуби битката со редок облик на деменција.

„Тој не само што беше еден од најсмешните сценаристи-изведувачи на својата генерација, тој беше комплетен ренесансен комичар: сценарист, режисер, презентер, историчар, брилијантен писател за деца, најтоплото и најпрекрасно друштво што сте можеле да го посакате“, изјави Пејлин.

Џонс во легендарната сцена од „Смислата на животот“, последниот филм што го сними групата заедно

Џонс беше еден од основачите на „Монти Пајтон“, една од најважните појави во историјата на комедијата. „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“ дебитираше на Би-Би-Си во 1969 година и се емитуваше до 1974 година, по што групата сними и пет филмови, од кои три беа режирани токму од Џонс.

Џонс беше еден од основачите на „Монти Пајтон“ во 1969

„Тој беше човек на безброј таленти и бескраен ентузијаст“, рече Џон Клиз.

Ерик Ајдл додаде дека на Џонс ќе нѐ потсетуваат многуте моменти на урнебесен хумор.

„И ако сте го познавале и ако не сте го познавале, секогаш ќе се смеете на прекрасните смешни моменти што ни ги остави“.