УЖИВАЈТЕ ВО КОНЦЕРТОТ, НЕ ВО ТЕЛЕФОНИТЕ – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД СКОПСКИОТ КОНЦЕРТ НА БРАЈАН АДАМС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Здраво Македонија! Вечерва ќе свириме и пееме. Имате време? Не сте сабајле на работа? Бидејќи јас имам 14 албуми“, вака канадската музичка ѕвезда Брајан Адамс синоќа ја поздрави публиката во скопската „А1 арена“.

Шеесетгодишниот Адамс, со уште четворица музичари на сцена, ѝ приреди речиси двочасовна одлична забава на публиката со едни од најубавите филмски балади и со енергични песни, придружувани од огромен видеобим на кој се проектираа негови спотови, но и кадри во живо од самиот концерт.

Весел и харизматичен, Адамс неколкупати ја поздрави публиката, а во еден момент им се обрати на тие од првите редови: „Доста гледате во телефоните. Јас сум овде, овде е шоуто. Ставете си ги телефоните во џеб и уживајте во концертот“. Рокерот исто така најави натпревар по тверкање, па фановите се изнаиграа за да покажат што умеат.

Концертот на Адамс беше дел од неговата турнеја „Освели светлина“, а го организираше „Авалон продукција“.

Б. НЕСТОРОСКА

Фото: Ѓ. Личовски