Сѐ до последната епизода на „Игра на тронови“, Денерис Таргарјен, мајка на змејови и ослободителка на робови, беше еден од омилените и најпозитивни ликови во серијата.

До толку што името Калиси го имаат добиено 560 девојчиња во САД изминатата година, но се смета дека ги има и повеќе, ако се вклучат разните варијации во спелувањето. Вкупно, повеќе од 3.500 деца се именувани по неа од почетокот на серијата.

Иако визуелно спектакуларна, последната епизода „Ѕвона“ помина најлошо кај публиката од целата серија и во неа, Денерис од добродушен лидер се претвори во немилосрден масовен убиец, откако го уништи градот што требаше да го ослободи. Ден по емитувањето на епизодата, социјалните мрежи се полни со реакции од типот дека „родителите им должат извинување на децата што ги крстиле по Денерис“ или, пак, дека сега треба да им ги сменат имињата.