„ШОГУН“, „БЕБЕ ИРВАС“ И ЏОДИ ФОСТЕР ТРИУМФИРАА НА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА НАГРАДИТЕ ЕМИ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Јапонската историска драма „Шогун“ (фото) стана првата серија на неанглиски јазик која освои Еми за најдобра драмска серија. „Шогун“ доби уште четири награди на ноќешното доделување во Лос Анџелес, по претходно освоените 14 во технички категории, вклучувајќи за главните актери Хиројуки Санада и Ана Саваи. Таа е првата актерка од азиско потекло која освои Еми за најдобра актерка во драма.

Главните актери во „Бебе ирвас“ Ричард Гад и Џесика Ганинг се наградени со Еми (Фото: Гети)

Hacks“ изненадувачки беше прогласена за најдобра хумористична серија и доби награда за најдобра актерка во комедија (Џин Смарт), а друг голем победник беше „Бебе ирвас“ со четири статуетки. „Бебе ирвас“, за која „Нетфликс“ се соочува со голема тужба од жената која тврди дека била инспирација за серијата, освои Еми за најдобра минисерија, а наградени се и нејзините главни актери Ричард Гад и Џесика Ганинг.

Иако ја изгуби наградата за најдобра хумористична серија, „Мечка“ славеше во актерските категории: Џереми Ален Вајт освои Еми за најдобар актер во комедија, а Ебон Мос-Бакрак и Лиза Колон-Зајас за споредни улоги.

Џоди Фостер ја освои својата прва Еми награда, за најдобра актерка во минисерија за „Вистински детектив“.

(Фото: АП)