Францускиот актер Винсент Касел чека дете со неговата девојка Нара Баптиста, повеќе од една година откако се раздели од втората сопруга Тина Кунакеј. Касел (57) првпат беше виден со 30 години помладата бразилска манекенка во ноември минатата година, а двојката беше снимена и на отворањето на Олимписките игри во Париз,
Баптиста потврди дека е бремена со фотографија на Инстаграм.
Касел е веќе татко на три ќерки: Дева (19) и Леони (13) ги доби во бракот со Моника Белучи, а Амазони се роди во 2019, една година откако се ожени со Кунакеј.
(Фото: Бестимаж)