Тениската легенда Борис Бекер го чека петтото дете со четврта жена. Педесет и седумгодишниот Бекер потврди дека неговата 22 години помлада сопруга Лилијан е бремена.
„Мало чудо е на пат. Најдоброто допрва доаѓа“, напиша Бекер на социјалните мрежи.
Бекер, кој во 2022 отслужи осум месеци затвор во Англија за финансиски измами, се ожени со Лилијан де Карваљо Монтеиро минатиот септември во Портофино, Италија и сега живеат во Милано.
Бекер доби син и ќерка во бракот со Барбара Фелтус, од која се раздели во 2000. Една година подоцна, по судска битка, призна дека е татко на ќерката на руската манекенка Ангела Ермакова, а во 2010 доби син со тогашната свршеница Шарли Керсенберг.
(Фото: Гуливеримиџ)