ФРИЗУРАТА НА КИЛИЈАН МАРФИ ОД „ПИКИ БЛАЈНДЕРС“ БЕШЕ ХИТ ВО БРИТАНИЈА, ТОЈ СМЕТА ДЕКА Е ОДВРАТНА

Лондон, (Ледбајбл)

„Пики Блајндерс“ ја заокружи приказната за Томи Шелби со новиот филм на „Нетфликс“, „Бесмртник“. Иако помина една четвртина од својот живот со оваа серија, Килијан Марфи вели дека има некои работи кои нема да му недостигаат, како фризурата.

„Да бидам искрен, мислам дека е одвратна. Среќен сум што веќе нема да мора да ја носам. Знаете дека приказната зад ваквата војничка фризура е да се спречи зараза со вошки, бидејќи има 60% помали шанси да ги добиете“, кажа Марфи во шоуто на Грем Нортон.

Иако на Марфи не му се допаѓа, неговата фризура од „Пики Блајндерс“ се сметаше за „највлијателна во Велика Британија во изминатата деценија“, според британските фризери. Денес веќе не е толку барана.

„Имаше периоди кога правев два такви фризури на ден, десет неделно. Ретко е фризура од поп-културата да има толку многу реакции“, изјави лондонскиот бербер Ти-Џеј Хант.

Професионалниот фризер Максвел Оукли додаде:

„Влијанието на тој стил, според мене, е веројатно најголемо во последната деценија во Велика Британија. Единственото нешто со што можам да го споредам е кога момците се шишаа како Џастин Бибер од времето на неговиот хит ‘Бејби‘“.