Во овој грчки град древните луѓе оделе со надеж дека ќе ги научат тајните на животот по смртта. Елефсина ќе се обиде да ги воскресне своите заспани богатства кога на 1 јануари ќе го преземе статусот на Европска престолнина на културата, заедно со Веспрем (Унгарија) и Темишвар (Романија).
Иако своевремено ја посетувале и римски императори, Елефсина одамна го изгубила својот гламур. Тамошните фабрики, челичарница, рафинерија и бродоградилиште привлекоа илјадници луѓе кои бегаа од рурална Грција минатиот век. Задушен од смог и загадување, нејзиниот залив денес е големо гробиште на бродови.
Неколку напуштени згради се пренаменети за настанот вреден 25 милиони евра, па така некогашна фабрика за маслиново масло стана археолошки музеј.
Цели 12 века, Елефсина била еден од најважните верски центри во древните грчки и римски светови. Таа е родно место на грчкиот трагичар Есхил, додека во центарот на мистериозните обреди биле божицата на земјоделството и плодноста Деметра и нејзината ќерка Персефона, кралицата на подземјето.
„Тие обреди биле еден вид психотерапија за справување со стравот од смртта“, вели археологот Ефи Анести.
Сепак, градот оддалечен 18 километри од Атина долго време пропаѓал откако Византијците во четвртиот век го напуштиле ова светилиште.
(Фото: АФП)