ГЕРМАНСКИОТ ГРАД ЛИБЕК Е ЦЕНТАР НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА МАРЦИПАН, ОМИЛЕНИОТ БОЖИЌЕН ДЕЛИКАТЕС КОЈ ПРВО БИЛ ЛЕК И АФРОДИЗИЈАК

Германија, (Дојче веле)

Германскиот град Либек своевремено бил моќен политички и економски центар, а денес е најпознат по производството на марципан. Во овој град работат четири фабрики за марципан, од кои најголемата е „Нидерегер“.

Основниот рецепт за марципан е едноставен: две третини бадеми, една третина шеќер. Марципанот на „Нидерегер“ е регистриран во Европската Унија како заштитен производ со географско потекло.

Бадемите најмногу се одгледуваат во Калифорнија, околу 1,2 милиони тони годишно и на Медитеранот, особено во Шпанија, чии бадеми имаат поинтензивен вкус и најчесто се користат во производството на германскиот марципан.

Во Либек работат четири фабрики за марципан (Фото: Шатерсток)

Постапката за производство одамна не е променета, голем дел и натаму се прави рачно“, вели Катрин Гебел, портпаролката на „Нидерегер“, семејна компанија која постои повеќе од 200 години.

Врвот на производството е во лето, кога во „Нидерегер“ веќе мислат на Божиќ, кога производите од марципан се особено барани. „Нидерегер“ има годишен промет од околу 100 милиони евра и извезува во 50 држави.

Марципанот долго време бил многу скап, сѐ додека во 19. век во производството не почнала да се користи шеќерна репка, место шеќерна трска.

До 18. век, марципанот во Либек се сметал за ексклузивен лек добар за многу работи, и за настинка, но и како афродизијак. Тој потекнува од Блиски Исток, но масовното производство се развило во Германија и Шпанија“, вели Гебел.

(Фото: Шатерсток)