Мел Брукс ќе ја репризира улогата на Јогурт во продолжението на култната комедија „Вселенски топки“ (Spaceballs), чие снимање претходно беше потврдено од „Амазон-МГМ“.
Брукс, кој ќе наполни 99 години овој месец, беше режисер и косценарист на оригиналниот филм од 1987, кој е пародија на научно-фантастични филмови како „Војна на ѕвездите“.
„Ви реков дека ќе се вратиме“, кажа Брукс.
Новиот филм ќе го режира Џош Гринбаум, а од оригиналната актерска постава треба да се вратат и Бил Пулман и Рик Моранис. Премиерата е најавена за 2027 година.
„Вселенски топки“ не помина добро кај критиката кога излезе, но со тек на време се стекна со култен статус.