Младите актери Тиган Крофт и Мајло Манхајм ги добија главните улоги во филмската верзија на „Златокоса“ (Tangled), заснована врз анимираниот филм на „Дизни“ од 2010. Тие ќе ги играат Рапунзел (Златокоса) и Флин Рајдер, разбојникот кој ѝ помага на принцезата да избега од замокот во кој е заробена.
Режисер на филмот ќе биде Мајкл Грејси, кој се прослави со мујзиклот „Најголемиот шоумен“. Дејството на филмот засега не е познато.
За 21-годишната Австралијка, која е најпозната по серијата „Титани“, ова ќе биде најголемата холивудска улога досега. Медиумите претходно шпекулираа со попознати имиња за улогата на Златокоса, како Сејди Синк, Мекена Грејс и Ема Мајерс.
Анимираниот филм „Златокоса“ стана поп феномен, заработи 590 милиони долари низ светот и беше номиниран за Оскар за најдобра песна.