ОБЈАВЕН ТРЕЈЛЕР ЗА ОБНОВЕНАТА СЕРИЈА „МАЛКОЛМ ВО СРЕДИНА“, ПРЕМИЕРАТА Е ВО АПРИЛ

Лос Анџелес, (Вараети)

По 19 години, Малколм се враќа со неговото дисфункционално семејство, со главните ѕвезди Френки Муниз, Брајан Кренстон и Џејн Качмарек.

Стриминг платформата „Хулу“ го објави првиот трејлер за обновената серија „Малколм во средина“, чие полно име е „Malcolm in the Middle: Life’s Still Unfair“, која ќе има премиера на 10 април 2026. Најавено е дека ќе има само четири епизоди.

Откако се криеше од своето семејство повеќе од една деценија, Малколм е повторно вовлечен во нивната орбита кога Хал и Лоис го канат на забавата по повод нивната 40-годишнина. Малколм сега има и ќерка“, стои во најавата.

Оригиналната серија се емитуваше од 2000 до 2006, имаше 151 епизода и освои седум награди Еми.