Популарниот детски анимиран лик прасето Пепа доби сестричка, чие име е Иви. Убавата вест беше објавена во емисијата „Добро утро Британија“ на јавната телевизија Ај-Ти-Ви.
Според сценаристите, Иви е родена во истата болница како и децата на принцот Вилијам и принцезата Кејт. Бебето првпат ќе се појави на телевизија наесен.
Серијата „Прасето Пепа“ може да се гледа во повеќе од 180 држави и е синхронизирана на над 40 јазици, а ги следи секојдневните доживувања на Пепа и нејзиното семејство, кое го вклучува и нејзиниот помал брат Џорџ. Тој има две, а Пепа четири години и двајцата само еднаш славеа роденден откако серијата почна да се емитува во 2004.
(Фото: Инстаграм)