ВУДИ АЛЕН НЕМА ДА СНИМА ФИЛМ ЗА ПРВПАТ ОД 1974 ГОДИНА

Њујорк, (Гардијан)

Наредната година би можела да помине без нов филм од Вуди Ален, што би била неговата прва креативна пауза од 1974 година.

Неговиот 48. филм, „Дождлив ден во Њујорк“, треба да излезе кон крајот на годината, а потоа, 82-годишниот режисер нема друг проект во план. Сајтот „ИМДБ“ следен негов филм го најавува за 2020 година.

„Вуди сака да работи. Тој никогаш не зема одмор. Но, овојпат, тој ќе земе слободна година, додека не најде продуценти за следниот проект“, изјавија претставниците на легендарниот режисер.

Темпото на работа на Ален е неспоредливо со никој друг во модерниот филм. Тој има напишано, режирано и издадено нов филм секоја година во последните 44 години и има намера да продолжи. Во 2016 година, Ален потпиша договор со „Амазон“ за дистрибуција на пет филма, од што му остануваат уште три.

Филмовите на Ален имаат освоено седум актерски оскари, а самиот тој четири.