Бившата српска тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајер објавија дека чекаат второ дете.
Швајнштајер, кој веќе трета сезона настапува во САД, го навести ова со симпатичен пост на Твитер, со фотографија на којашто се наредени четири пара патики.
„Полни сме со љубов и среќа. Едвај чекаме да му посакаме добредојде на новиот член на нашето семејство“, напиша 34-годишниот Швајнштајер.
Тој и Ивановиќ се венчаа во Венеција во лето 2016 и во март минатата година го добија синот Лука.