БЕН АФЛЕК ВО КАРАНТИН СО НОВАТА БОНД ДЕВОЈКА

Лос Анџелес, (Сан)

Холивудската ѕвезда Бен Афлек и неговата нова девојка Ана де Армас, која игра во новиот филм за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“, сѐ почесто заедно се појавуваат во јавност. Холивудските медиуми забележуваат дека актерската двојка го поминува карантинот во домот на Афлек во Лос Анџелес.

Вљубената двојка викендов беше забележана при пазарање, со соодветни маски како превентива од коронавирусот.

Четириесет и седумгодишниот актер и режисер и 31-годишната Кубанка се запознаа на снимањето на трилерот „Deep Water“ и набрзо потоа, по заедничкиот одмор во Куба, ја обелоденија врската.

Афлек изминативе години се лекуваше од зависност од алкохол, а беше женет со актерката Џенифер Гарнер, со која има три деца.