Новиот стриминг сервис на Ејч-Би-О ќе биде лансиран на 27 мај, збогатувајќи ја понудата на содржини за гледање во времето на пандемија.
„Ејч-Би-О макс“ ќе биде меѓу најскапите стриминг сервиси, со месечна претплата од 14,99 долари, но од „ВорнерМедија“ се убедени дека има што да понуди. Покрај хит-сериите од продукцијата на Ејч-Би-О, како „Игра на тронови“ и „Наследници“, „ВорнерМедија“ ги откупи и сите сезони на „Пријатели“ и „Саут Парк“.
„Ејч-Би-О макс“ планира и нови оригинални содржини, но долгоочекуваното обединување на екипата од „Пријатели“ беше одложено поради коронавирусот.
За тоа време, „Нетфликс“ одлично профитира од пандемијата, откако во првите три месеци од годината добил нови 16 милиони претплатници. Ова е двојно повеќе во споредба со последните три месеци од 2019.