ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА „ЛАВИРИНТ“ ПОЧНУВА ДА СЕ ПРАВИ ЧЕТИРИ ГОДИНИ ПО СМРТТА НА ДЕЈВИД БОУВИ

Лос Анџелес, (Дедлајн)

Откако се повлече од „Доктор Стрејнџ 2“, Скот Дериксон е ангажиран за режисер на продолжението на „Лавиринт“, култниот филм со Дејвид Боуви и Џенифер Конели од 1986 година.

Четири години откако беше најавен, набргу по смртта на Боуви, ова е прв конкретен чекор дека проектот почнува да се реализира. Сценариото ќе го пишува Меги Левин, додека засега нема информации за кастингот и датумот на премиерата.

Во режија на креаторот на „Мапети“, Џим Хенсон, „Лавиринт“ се здоби со култен статус во изминатите децении и дури инспирираше одржување на годишен бал под маски, кој се смета за еден од најголемите на светот. Компанијата „Џим Хенсон“ ќе работи и на новиот филм.