БОЖИЌНИОТ КЛАСИК НА МАРАЈА КЕРИ ПО 26 ГОДИНИ КОНЕЧНО СЕ ИСКАЧИ НА ВРВОТ НА БРИТАНСКАТА ТОП ЛИСТА

Њујорк, (Би-Би-Си)

Речиси три децении откако беше објавен, божиќниот мегахит на Мараја Кери „Сѐ што сакам за Божиќ си ти“, конечно, се најде на првото место на британската топ листа.

Песната е дел од нејзиниот албум „Среќен Божиќ“, издаден во 1994 година, кога не успеа да се искачи на врвот поради „Остани уште еден ден“ на „Ист 17“. Тоа конечно се случи оваа недела благодарение на 0,8 милиони стримувања.

„Среќен Божиќ, Велика Британија! Конечно успеавме! Заедно го одржуваме божиќниот дух во живот, без разлика колку тажна беше оваа година“, изјави Кери.

Мараја Кери ја напишала „Сѐ што сакам за Божиќ си ти“ во лето 1994 додека живеела во Њујорк и нејзиниот продуцент Волтер Афанасјеф во прв момент бил загрижен дека песната звучи преедноставно.

„Но, токму тоа е она што песната ја направи постојан хит“, вели Афанасјеф.

Кери од песната досега има заработено 60 милиони долари.