Наградуваната серија „Убивањето на Ева“ (Killing Eve) ќе заврши со претстојната четврта сезона, но би можела да добие наследник.
Последната сезона ќе се состои од осум епизоди, кои ќе се емитуваат следната година. ТВ-мрежата Еј-Ем-Си објави дека развива можни спиноф серии, кои би го продолжиле светот создаден во серијата.
„‘Убивањето на Ева‘ експлодираше во поп културата, благодарение на брилијантната адаптација на Фиби Волер-Бриџ и незаборавните ликови што ги оживеаја Џоди Комер и Сандра О“, изјави претседателот на програмата на Еј-Ем-Си, Ден Мекдермот.
Комер освои Еми награда во 2019, додека Сандра О истата година беше наградена со Златен глобус за најдобра актерка во драма.