Шеста година по ред „Игра на тронови“ е на првото место на листата со најпиратирани ТВ серии на интернет. „Живи мртовци“ (Walking Dead) и во 2017 година остана на второто место, а веднаш зад нив е серијата „Рик и Морти“.
Највисоката постигната бројка на луѓе кои ги даунлодирале епизодите на „Игра на тронови“ преку неколку торенти беше 400,000, веднаш откако финалната епизода од седмата сезона стана достапна на интернет.
Други масовно пиратирани серии се, исто така, познати наслови како „Бегство од затвор“ (Prison Break), „Флеш“, „Шерлок“ и „Викинзи“.