„Ворнер брос“ и „Њу лајн’ ја обновуваат филмската франшиза „Господар на прстените“. Извршниот директор на „Ворнер брос“, Дејвид Заслав, објави дека постигнале договор за снимање неколку филма засновани врз книгите на Толкин.
Првата трилогија, чиј режисер беше Питер Џексон, заработи речиси три милијарди долари на светско ниво и освои бројни оскари, а беше следена од трилогијата „Хобит“.
Засега ниеден режисер не се поврзува со новиот проект, но Џексон потврди дека тој и неговите блиски соработнички Френ Волш и Филипа Бојен се во контакт со „Ворнер брос“.
„Ќе разговараме со нив и понатаму за да чуеме каква е нивната визија за развојот на франшизата“, изјави Џексон.
Од „Њу лајн“ кажаа дека новите филмови веројатно нема да навлезат во она што Џексон го покри со својата трилогија.