ЏЕЈМИ ДОРМАН ЌЕ БИДЕ АРАГОРН ВО НОВИОТ ФИЛМ „ГОСПОДАР НА ПРСТЕНИТЕ“

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Џејми Дорман ќе го наследи Виго Мортенсен во улогата на Арагорн во новиот филм „The Lord Of The Rings: The Hunt For Gollum“. Претходно беше објавено дека Мортенсен нема да се врати во улогата што го прослави.

Минатиот месец беше објавено дека Кејт Винслет ќе ја игра главната женска улога, а од ѕвездите од оригиналната трилогија се враќаат Илајџа Вуд (Фродо), Ијан Мекелен (Гандалф) и Енди Серкис (Голум), кој сега ќе биде и режисер.

Филмот се фокусира на настаните што се случуваат меѓу трилогиите „Хобит“ и „Господар на прстените“, кога Арагорн и Гандалф одат на патување за да го најдат Голум и да дознаат повеќе за прстенот на Билбо Багинс. Планирано е филмот да има светска премиера на 17 декември 2027.