ВО ПРОДАЖБА ПУШТЕНИ ПОСЛЕДНИТЕ 300 КАРТИ ЗА 26. ЗЛАТНА БУБАМАРА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во продажба се пуштени уште 300 карти за 26. издание на Златна бубамара на популарноста, што ќе се одржи на 16 март во салата „Борис Трајковски“.

„Како и секоја година, интересот за билети е огромен. Речиси 90 проценти од пуштените билети во продажба се веќе продадени, но на барање на публиката, денеска се пуштени и последните 300 билети“, соопшти организаторот Радио Бубамара.

Годинашната манифестација ќе се одржи под мотото „Да ги наполниме батериите на евтина струја“.

„Енергетски ефикасниот штаб кој ја подготвува манифестацијата, како и секогаш, ги чува содржините во врвна тајност, но ги најавува најголемите естрадни и спортски ѕвезди од домашната и регионалната сцена“, вели организаторот.