Раскази на американскиот писател Хауард Филипс Лавкрафт, кој важи за еден од најзначајните автори на фантастичната и хорор книжевност, за првпат се преведени на македонски јазик. Преводот го направи Никола Кузманоски, кој ја објави книгата „Повикот на Ктхулху и други ужасии“ преку својата издавачка куќа „Полиграматон“.
„Повикот на Ктхулху и други ужасии“ содржи 18 раскази на Лавкрафт на 352 страници. Кузманоски вели дека преводот бил голем предизвик и потфат зашто прозата на Лавкрафт е една од најсложените за преведување, полна со несекојдневни зборови и синтакси.
Лавкрафт (1890-1937) останал практично непознат за време на животот зашто расказите му биле објавувани исклучиво во евтини списанија. Вистински бил откриен дури во 1970-ите и денес се смета за еден од највлијателните автори на хорор фикцијата на 20. век.
Покрај Лавкрафт, Кузманоски има преведено и дела од Џ. Р. Р. Толкин и Анджеј Сапковски.