РИЈАНА ПРВПАТ ГО ПОКАЖА НОВОРОДЕНИОТ СИН ВО ФОТОСЕСИЈА ЗА „ПИПЛ“

Њујорк, (Пипл)

Ријана и нејзиниот партнер АСАП Роки првпат позираа како четиричлено семејство во фотосесија за списанието „Пипл“. Двете музички ѕвезди снимија серија фотографии кои ги прикажуваат и бебето Рајот Роуз и 16-месечниот син РЗА.

Ријана и АСАП Роки со бебето Рајот Роуз

Извори за „Пипл“ во август потврдија дека 35-годишната пејачка го родила вториот син, иако таа и АСАП Роки јавно не го соопштија тоа. Нивното прво дете се роди во мај 2022.

Место традиционални семејни портрети, „Пипл“ направи фотосесија во стилот на улични, папараци фотографии.

(Фото: Пипл)