ПАГ ВО ХРВАТСКА Е МЕЃУ ОСТРОВИТЕ СО НАЈУБАВИ ПЛАЖИ ВО ЕВРОПА, СПОРЕД „ЛОНЛИ ПЛАНЕТ“

Италија, (Гардијан)

„Лонли планет“ објави листа на најубавите плажи во Европа.

Една од најубавите дестинации за 2024 е плажата Сејшели на островот Икарија во Грција. Островот е познат по многуте заливи, а до плажата Сејшели, која се наоѓа во близина на најголемиот град Агиос Кирикос, се доаѓа со брод или пеш од главниот пат.

Плажата Сејшели на островот Икарија во Грција (Фото: Гети)

Една од плажите кои „Лонли планет“ ги препорачува е Плаја де ла Бароса во Кадиз (Шпанија). Оваа плажа не е толку позната надвор од Шпанија. Стана популарна минатата година откако се отворија ресторани. Сè уште има семејни хотели на плажата, каде соби чинат околу 130 евра за двајца.

Еден од помалку познатите западни острови во Франција, Ил д’Јеу, има девет километри долга плажа. До неа се стигнува со патнички траект од Сен Жил Кроа де Ви или Фроментин на брегот на Ванде. Плажата е идеална за кајак и веслање, а островот е совршен за истражување со велосипед.

Еден од помалку познатите западни острови во Франција, Ил д’Јеу има девет километри долга плажа (Фото: Алами)

Оние кои сакаат да избегаат од ноќните клубови и техно фестивалите на Паг (Хрватска), можат да ја пробаат плажата Шимуни, која се наоѓа во борова и дабова шума. Плажите на Паг важат и за омилени за камперите од Европа.

Плажата Сперлонга во близина на Лацио (Фото: Алами)

Најдобрите плажи на Апулија во Италија се на јонскиот брег. Еден идиличен дел дури се нарекува Малдиви. Сперлонга во близина на Лацио исто така се смета за една од најубавите европски песочни плажи, долга осум километри.