ЧЕНИНГ ТЕЈТУМ И ЗОЕ КРАВИЦ ЈА РАСКИНАА СВРШУВАЧКАТА

Лос Анџелес, (Пипл)

Холивудските ѕвезди Ченинг Тејтум и Зое Кравиц ја раскинаа свршувачката, објави „Пипл“.

Четириесет и четиригодишниот глумец, најпознат по улогата во „Магичниот Мајк“ и 35-годишната актерка, која беше Кетвоман во последниот „Бетмен“, беа три години во врска.

Тие се запознаа на снимањето на режисерското деби на Кравиц, „Трепни двапати“ и се свршија по една година.

(Фото: Вајримиџ)