Швајцарскиот архитект Валерио Олџати го претстави својот нов станбено-деловен комплекс од три кули што ќе се градат во Тирана, опишувајќи ги како „три тотемски фигури“. Трите облакодери ќе бидат високи 150, 192 и 266 метри и ќе бидат изградени од камени блокови со црвен тон.
„Архитектонската идеја се заснова на архаичниот гест на ставање блокови еден врз друг. На секое ниво ќе бидат засадени борови, со што целата зграда ќе се доживува како градина“, кажа Олџати.
Изградбата на кулите, кои ќе содржат и хотел, треба да почне наесен.