ЛЕЈТОН МИСТЕР ЌЕ МУ СЕ ПРИДРУЖИ НА СВОЈОТ СОПРУГ АДАМ БРОДИ ВО СЕРИЈАТА „НИКОЈ НЕ ГО САКА ОВА“

Лос Анџелес, (Вараети)

Актерката Лејтон Мистер ќе се појави во втората сезона на хит-серијата на „Нетфликс“, „Никој не го сака ова“ (Nobody Wants This), во која главната улога ја игра нејзиниот сопруг Адам Броди. Мистер е најпозната по улогата на Блер Волдорф во серијата „Озборувачка“.

Во „Никој не го сака ова“ играат и Кристен Бел, Стефани Фараси, Тимоти Симонс, Това Фелдшух и Пол Бен-Виктор.

Триесет и осумгодишната Мистер ќе ја игра Аби, која е најавена како непријателка на Џоан (Бел) од средно училиште, а сега е инфлуенсерка-мајка на Инстаграм.

Премиерата се најавува за годинава.

(Фото: Гети)