„КВИН“ МЕЃУ ТРИТЕ ДОБИТНИЦИ НА „НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МУЗИКА“ ЗА 2025

Стокхолм, (Јуроњуз)

Рок бендот „Квин“, џез легендата Херби Хенкок и канадската сопранистка и диригентка Барбара Ханиган се годинашните добитници на наградата Полар, која често се нарекува Нобелова награда за музика. Тие ќе ја примат наградата од шведското кралско семејство на церемонија во Стокхолм на 27 мај.

Ова е првпат во историјата на наградата да има тројца лауреати во една година.

„Длабоко сме почестени што ни е доделена наградата Полар. Ова е неверојатно“, соопштија Брајан Меј, Роџер Тејлор и Џон Дикон.

„Квин“ е еден од највлијателните британски бендови на сите времиња, додека 84-годишниот Хенкок оствари исклучителна кариера во џез музиката и е првиот црн композитор кој доби Оскар за најдобра музика. Ханиган (53) настапува како оперска пејачка веќе три децении, а на 40 години дебитираше како диригентка. Во 2018 доби Греми награда.

Наградата Полар ја востанови поранешниот менаџер на „АББА“, Стиг Андерсон и првиот добитник беше Пол Макартни во 1992. По него следуваа музички легенди како Елтон Џон, Реј Чарлс, Боб Дилан, „Лед Цепелин“, „Пинк Флојд“, Бјорк, Стинг, „Металика“ и Иги Поп. Лауреатите добиваат еден милион шведски круни.