КЕЈТИ ПЕРИ И ОРЛАНДО БЛУМ ЈА РАСКИНАА СВРШУВАЧКАТА ПО ШЕСТ ГОДИНИ

САД, (Дејли мејл)

Кејти Пери и Орландо Блум се разделија по девет години заедно, шест години по свршувачката. Тие се родители на четиригодишна ќерка.

„Врската им беше тензична со месеци и ова беше очекувано. Кејти и Орландо се разделија, но останаа во добри односи. Кејти е вознемирена, но полесно ѝ е што не мора да минува низ уште еден развод, бидејќи тоа беше најлошиот период во нејзиниот живот“, изјави извор за „Ју-Ес викли“.

„Дејли мејл“ објави дека Пери и Блум ја издаваат својата вила од 30 милиони долари во Монтесито, Калифорнија на актерот Крис Прат и неговата сопруга Кетрин Шварценегер. Веста за разделбата уследи додека Пери е на светска турнеја.