МОНИКА БЕЛУЧИ И ТИМ БАРТОН ОБЈАВИЈА ДЕКА СЕ РАЗДЕЛИЛЕ ПО ТРИ ГОДИНИ ВРСКА

Рим, (АНСА)

Моника Белучи и Тим Бартон објавија дека ја прекинале врската. Тие беа заедно три години, но денеска потврдија дека се разделиле, иако остануваат во добри односи.

„Со големо почитување и меѓусебна наклонетост, Моника Белучи и Тим Бартон одлучија да се разделат“, стои во заедничкото соопштение.

Бартон и Белучи наводно се зближиле за време на фестивалот „Лимиер“ во Лион во 2022, каде што таа му додели награда на американскиот филмаџија. Шеесеетгодишната актерка не ги криеше своите чувства кон Бартон откако нивната врска стана јавна.

Тие потоа соработуваа и професионално, откако Белучи глумеше во неговиот филм „Битлџус, Битлџус“ од 2024.

(Фото: Гети)