„ПИПЛ“ ГО ИЗБРА АКТЕРОТ ЏОНАТАН БЕЈЛИ ЗА НАЈСЕКСИ МАЖ НА СВЕТОТ ЗА 2025

Њујорк, (Пипл)

Британскиот актер Џонатан Бејли е избран за најсекси маж на светот за 2025, соопшти магазинот „Пипл“. Овој избор беше оценет како неконвенционален бидејќи Бејли е првиот хомосексуалец со оваа титула.

„Ова е огромна чест. Очигледно сум неверојатно поласкан. И тоа е сосема апсурдно“, изјави 37-годишниот актер за списанието.

Глумејќи уште од дете во Кралската Шекспирова компанија, Бејли се стекна со светска слава со улогата на Лорд Ентони во популарната серија на „Нетфликс“, „Бриџертон“. Глумеше и во  „Сопатници“ и „Злобница“.