ХИ-МЕН СЕ ВРАЌА ВО НОВИОТ ФИЛМ „ГОСПОДАРИ НА УНИВЕРЗУМОТ“

Лос Анџелес, (Вараети)

„Амазон МГМ“ објави трејлер за новата филмска верзија на Хи-Мен, во кој главната улога ја има англискиот актер Николас Галицин. „Господари на универзумот“ го следи мускулестиот херој со меч како се бори да ја спаси неговата планета Етернија од Скелетор (Џаред Лето).

Во останатите улоги се Камила Мендес, Алисон Бри, Морена Бакарин, Идрис Елба и Џејмс Пјурфој.

Филмот се развиваше од 2010 и откако смени неколку филмски студија, во 2023 беше преземен од „Амазон МГМ“. Светската премиера е најавена за 5 јуни.

Оригиналната анимирана серија „Господари на универзумот“ се емитуваше од 1983 до 1985 година, а истоимениот игран филм со Долф Лундгрен како Хи-Мен беше снимен во 1987.