ОБЈАВЕН ТРЕЈЛЕР ЗА ВТОРАТА СЕЗОНА НА СЕРИЈАТА „ГОСПОДАР НА ПРСТЕНИТЕ“, ПРЕМИЕРАТА Е ВО АВГУСТ

Лос Анџелес, (Вараети)

Саурон добива моќ во првиот трејлер за втората сезона на „Господар на прстените: Прстените на моќта“, што ќе има премиера на 29 август на стриминг платформата на „Амазон“.

Трејлерот полн со акција се фокусира на подемот на страшниот и моќен негативец за време на втората доба на Средната Земја. Саурон (Чарли Викерс) се маскира во елф за да му помогне на Селебримбор (Чарлс Едвардс) во создавањето на прстените на моќта. Во исто време, многумина од ликовите од првата сезона се подготвуваат за битка, вклучувајќи ги Галадриел (Морфид Кларк), Елронд (Роберт Арамајо), Арондир (Исмаел Крус Кордова) и Исилдур (Максим Балдри).

Снимањето на втората сезона почна кон крајот на 2022 и се одвиваше во Велика Британија, а не во Нов Зеланд како првата.

(Фото: Амазон)