СЕ ВРАЌА ТВ-КЛАСИКАТА ОД 80-ИТЕ, ЏЕЈ ХЕРНАНДЕС Е НОВИОТ МАГНУМ

Лос Анџелес, (Вараети)

Си-Би-Ес го одобри обновувањето на серијата „Магнум“, ТВ-класика од 80-ите години, што го прослави Том Селек.

Во насловната улога на Томас Магнум сега ќе се најде 40-годишниот Џеј Хернандес, ѕвездата на „Хостел“ и на „Одредот на отпишаните“. Во најавата на пилот-епизодата, Си-Би-Ес наведе дека Томас Магнум е одликуван специјалец, кој по службата во Афганистан ги користи своите воени вештини за да стане приватен детектив на Хаваи.

„Магнум“ е една од најпопуларните серии од 80-ите години, се емитуваше осум сезони, до 1988 година и освои два Златни глобуси и исто толку Еми награди, а од Том Селек направи голема ѕвезда.