Шар Планина конечно го доби статусот на национален парк, потврди денеска Министерството за животна средина и просторно планирање.
Во исто време, Осоговските Планини ќе станат заштитено подрачје од петта категорија, односно заштитен предел.
„Прогласувањето на овие две подрачја за заштитени зони значи не само исполнување на националните и меѓународните обврски за заштита на пределската разновидност и биодиверзитет, туку и можност за искористување на нивниот огромен потенцијал за развој на локалната економија и одржливо управување со природните ресурси“, изјави министерот Насер Нуредини.
Шар Планина ќе биде четврти национален парк во Македонија, по Пелистер, Маврово и Галичица, која последна доби заштитен статус во 1958 година.