„ДАЈ МИ НЕШТО“, НОВА ПЕСНА НА ГРУПАТА „ПАРУСИОН“ СО ПЕЈАЧКАТА КАТЈА КОРЕН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
„Дај ми нешто“, (Give me Something) е новата песна на групата „Парусион“ на тапанарот Михаил Парушев кој го напиша музиката и аранжманот за оваа песна.
Во синглот пее Катја Корен, пејачка од Словенија која живее во САД (фото), а таа го напиша текстот за оваа песна. Гостин на пијано е Марко Црнчец. Продуцент е Михаил Парушев. Постпродукцијата ја направи Ивица Јанкуловски од „Алшар студио“.
Членови на групата „Парусион“ се Зоран Костадиновски на гитара, Јован Цветковиќ на пијано, Иван Бејков на бас и Михаил Парушев на тапани.
Инаку, тапанарот Михаил Парушев неодамна го издаде новиот албум „Атер“ „Парусион“.
Гости на албумот се и Зоран Костадиновски на гитара, Драган Полизовски на кавал, Катја Корен, Калина Велковска, Искра Србиновска, Драган Трајковски и Ана Христова како вокали, Иван Бејков, Трајко Симоновски и Мартин Јосифовски на бас гитара, Ѓоле Грујовски на гитара и Јован Цветковиќ, Филип Димишковски и Дамир Имери на пијано. На една композиција свири и џез трубачот Александар Николовски, кој почина во 2021.