ЕКО АКЦИЈА „ЧИТАМЕ ДЕНЕС ЗА ПОДОБРО УТРЕ“ ВО СКОПСКИ КАРПОШ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Утре (6 април) од 11 часот во Мега паркот во скопската општина Карпош ќе се одржи акција за пошумување во организација на издавачката куќа „Сакам книги“.

Акцијата за садење дрвја е насловена „Читаме денес за подобро утре“, а се организира во соработка со Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“.
„Ова е прва акција од ваков тип кај нас, каде една издавачка куќа, како голем потрошувач на хартија, свесно одлучува да ѝ врати на природата, заедно со своите читатели. Веруваме дека ова нема да биде единствен чекор, туку почеток на една нова пракса,“ вели Ивана Спасев, главен уредник во „Сакам книги“ и водач на проектот „Со љубов, од Европа“, во чии рамки е предвидено 10 отсто од продажбата на книгите да бидат наменети за садење дрвја во Скопје. Тоа значи дека секој кој ќе купи книга од оваа европска едиција директно донира средства за пошумување на Скопје.