„Х&М“ ЌЕ ЈА ОТВОРИ ПРВАТА ПРОДАВНИЦА ВО МАКЕДОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Популарниот шведски моден бренд „Х&М“ ќе ја отвори својата прва продавница во Скопје. Македонија е еден од шесте нови пазари на кои што „Х&М“ ќе се прошири оваа година, покрај Косово, Еквадор, Костарика, Гватемала и Камбоџа.

Најавите за проширување следуваат откако извршната шефица Хелена Хелмерсон објави дека компанијата го повратила нивото на продажба од пред пандемијата, при што лани оствариле продажби во вредност од 21 милијарда долари.

„Х&М“ располага со 54 онлајн пазари и со повеќе од 5.000 продавници во 75 држави, со што е вториот најголем продавач на облека на светот, по шпанска „Зара“.