Мараја Кери ќе настапи на отворањето на претстојните Зимски олимписки игри во Милано и Кортина. Организаторите ја потврдија 56-годишната американска пејачка како првата меѓународна ѕвезда која ќе пее на церемонијата на отворањето на 6 февруари на стадионот „Сан Сиро“ во Милано.
„Мараја Кери целосно ја претставува емотивната атмосфера што ја придружува подготовката за Игрите. Музиката е универзален јазик што привлекува различни приказни и сензибилитети и се испреплетува со темата за хармонија на церемонијата на отворањето“, соопшти организацискиот комитет.
Игрите ќе се одржуваат низ северна Италија, а ќе има и помали церемонии на отворање во три планински кластери.
Меѓународно признатата балетска ѕвезда Роберто Боле ќе биде главен изведувач на церемонијата на затворањето, што ќе се одржи во античката арена во Верона на 22 февруари.
(Фото: АП)