СТУДЕНТКАТА САРА АНДОНОВСКА СЕ ПРЕТСТАВИ СО ПРВАТА САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Сара Андоновска од Скопје, 20-годишна студентка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ФИНКИ, во Центар Јадро ја има својата прва самостојна изложба на уметнички слики, во кои ја комбинира љубовта кон технологијата со нејзиниот креативен израз. Изложбата е насловена „Импулс”.

Вели дека за неа уметноста е начин да се преточи невидливото во видливо, односно емоциите, чувствата, мислите и миговите што тешко се изразуваат со зборови.

Изложбата е насловена „Импулс”

Сара има учествувано на повеќе групни изложби и има добиено повеќе награди во областа на уметноста, што ја поттикнуваат да продолжи да истражува и експериментира со различни техники. Нејзините омилени медиуми се акрил, графит и комбинирани техники со колажи од различни материјали. Вели дека секое создадено дело има посебно место во нејзиното срце.