НОВ ПИЛОТ-ПРОЕКТ ИМ ОВОЗМОЖУВА НА ШВЕДСКИТЕ УЧЕНИЦИ ДА ЈАДАТ ЗДРАВО И ОДРЖЛИВО, СИТЕ СОСТОЈКИ СЕ ДОНИРААТ ОД ЛОКАЛНИ СУПЕРМАРКЕТИ

Стокхолм, (Гардијан)

Учениците во „Марибергсколан“, средно училиште во шведскиот град Карлстад, се упатуваат кон мензата за да земат пијалак. Утринските опции вклучуваат ѓумбир и лимон, јаболко, млеко со куркума, лимон и нане или јагода и портокал. Исто така, постои избор на овесни снегулки со карамелизирано млеко.

Благодарение на проект започнат во 2018 од Националната агенција за иновации на Шведска (Винова), учениците го започнуваат денот со поттик од енергетска плочка. Сите состојки се донирани од локалните супермаркети, кои даваат вишок овошје и зеленчук за да се минимизира отпадот од храна. Пилот-проектот, започнат во партнерство со седум владини агенции, им овозможи на учениците да останат во училиште, место да се упатат кон најблискиот киоск да купат слатки или грицки.

Наставниците, исто така, забележале дека учениците изгледаат поангажирани.

Ако има бесплатна алтернатива во училиштето, тогаш би можела да размислам да јадам нешто здраво и да пробам нови вкусови“, кажа една ученичка.

Програмата за универзални училишни оброци во Шведска служи околу два милиона оброци дневно, со годишна цена од 7.700 шведски круни (700 евра) по ученик и е вкоренета во моделот на социјална држава познат како folkhem, лансиран во 1930-тите. Бесплатните училишни оброци беа воведени во 1946 година, а од 2011 е законска обврска да бидат хранливи.

Сепак, во 2018, Шведската агенција за храна посочи дека училишните оброци не придонесуваат кон растечките проблеми околу здравата исхрана и одржливоста. Како одговор на тоа, Винова воспостави програма за храна со цел сите ученици да јадат вкусна и одржлива храна. Пилот-програмата е изготвена за шведската национална стратегија за храна и за упатствата за училишни оброци за 2025 година.

(Фото: Шатерсток)