Слатките пијалaци можат да влијаат врз смртноста, според една нова студија.
„Ова е јавна здравствена криза, која бара итна акција“, рече авторот на студијата Дариуш Мозафаријан, кардиолог и директор на Институтот за храна е медицина на Универзитетот Тафтс.
Студијата ги анализираше глобалните податоци за пијалаците засладени со шеќер што се пијат ширум светот. Истражувачите процениле дека овие пијалаци годишно предизвикуваат повеќе од 330.000 смртни случаи од дијабетес и кардиоваскуларни болести.
„Проблемот е особено сериозен во Јужна Америка и на Кариби, кои имале најголем број случаи на кардиоваскуларни болести поврзани со засладени пијалаци и во Африка, каде што имало најмногу случаи на дијабетес тип 2“, рече Мозафаријан.
Зашеќерените пијалаци се поврзуваат со поголем ризик од срцеви заболувања отколку печивата, според студијата која собра податоци од 184 земји.
Засладените пијалаци со шеќер имаат „празни калории“ или калории без никакви хранливи придобивки. Тие се исто така извор на јаглехидрати со брзо дејство, кои влегуваат во крвотокот и брзо го зголемуваат шеќерот во крвта.
„Новите истражувања покажуваат дека и природните и вештачките нискокалорични засладувачи не се безопасни и може да бидат штетни по здравјето, така што тие треба да се сметаат за краткорочна, помалку штетна алтернатива, а не долгорочно решение“, рече Мозафаријан.
(Фото: Гети)