Постолимписка депресија и натаму е табу тема и постои голем број непријавени случаи на депресија кај учесниците по настапот на ОИ, велат експертите.
„Тоа е добро познат модел на ледениот брег. Неколкумина луѓе зборат за тоа, но не се гледа мнозинството“, вели психологот Мерион Суприцио од Спортскиот универзитет во Келн.
Таа додава дека психолозите и спортските психолози можат да ги подготват спортистите за она што следува.
„Има програми, но не се користат доволно. Стравот од стигматизација е огромен“, кажа Суприцио.
Спортистите сега почесто зборуваат за своите психички проблеми по Олимписки игри, но уште повеќе молчат за тоа.
„Си бил добар, многу добар и наеднаш, тоа завршува и мора да правиш нешто друго“, вели прославениот американски лизгач Аполо Оно.
Оваа тема привлече голем интерес откако легендарниот пливач Мајкл Фелпс проговори за своите проблеми со депресија, со која се мачел по секој настап на ОИ. Неговиот случај покажува дека и најискусните се погодени, но дебитантите се особено загрозени.
„Спортистите кои првпат се натпреваруваат на олимпијада многу брзо паѓаат во дупка. Искусните знаат што да очекуваат по ОИ, додека новајлиите често се обземени од големината на настанот“, изјави германскиот атлетски тренер Ули Кнап.
(Фото: Гети)