БРУНО ИЏАН Е ПРВИОТ ХРВАТСКИ ХОКЕЈАР КОЈ БИЛ ИЗБРАН НА НХЛ ДРАФТОТ

Загреб, (Индекс)

Бруно Иџан стана првиот Хрват кој бил избран на драфтот на Северноамериканската хокејарска лига (НХЛ). Тој ќе игра за Отава Сенаторс откако беше избран како 181. пик во шестата рунда на драфтот.

Деветнаесетгодишниот Иџан е роден во Загреб и хокејарската кариера ја почнал во Младост, пред да премине во Шведска. Минатата сезона ја почна како играч на КХЛ Сисак, истакнувајќи се како најдобриот стрелец во регионалната Алпска хокејарска лига, а од декември настапуваше за американскиот тим Линколн Старс, за кој даде 22 гола на 36 мечеви.

Првиот Хрват кој влезе во НХЛ беше Борна Рендулиќ, но тој дојде како недрафтуван играч.